Најголем пад на продажбата на Мекдоналдс во последните четири години

Американскиот ланец ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ забележа глобален пад на продажбата од 1,5 отсто, што е најголемо намалување во последните четири години.

Најголем пад е забележан на пазарите на земјите во развој, дури 3,5 отсто. Следуваат пазарите на развиените земји, со пад на продажбата за 2,1 отсто, објави американската компанија. Најлоши резултати се во Франција и Велика Британија, додека минатогодишното ниво е задржано во САД, пренесува Блумберг.

Граѓаните помалку ги посетувале рестораните во САД, Европа и Кина, барале поевтини оброци и повеќе храна подготвувале дома. Послабата потрошувачка во Кина и вооружените конфликти на Блискиот Исток го загрозија бизнисот со ресторани со кои управуваат локални партнери на Мекдоналдс, при што продажбата падна за повеќе од десет проценти.

„Мекдоналдс“ ги објави и резултатите од скромниот раст на приходите во третиот квартал од оваа година. Како причина за слабата продажба се наведуваат послабите резултати во Европа и Кина, како и последиците од вооружените конфликти на Блискиот Исток.

Вкупниот приход од јули до септември е за три отсто поголем од лани и изнесува 6,87 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира...

Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

BiznisPRO

ПРОГНОЗИИТЕ НЕ СЕ НАЈДОБРИ Оваа земја би можела да „испадне“ од првите 10 економии во светот

BiznisPRO

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

BiznisPRO