• март 11, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Бектеши: Забрана за извоз на одделни житарици и сончогледово масло за заштита на домашниот пазар и граѓаните

Бектеши: Забрана за извоз на одделни житарици и сончогледово масло за заштита на домашниот пазар и граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја образложи одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар и граѓаните, заедно со Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„На предлог на Министерството за економија и на барање на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на седницата одржана вчера донесе одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните“, истакна Бектеши.

Согласно одлуката од денеска 11 март, па до 20 март, односно во времетраење од 10 дена забранет е извоз на следните производи:

-пченица и наполица,
-јачмен,
-пченка,
-брашно од пченица и наполица,
-семе од сончоглед,
-масла од семе од сончоглед.

„Имајќи ја предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите коишто оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи. Како резултат на очекувањата за настанување на сериозни нарушувања поради недостиг на стоки кои се неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, Министерството за економија согласно Законот за трговија ѝ предложи на Владата да се изврши ограничување на извозот на одделни производи, што, како што и претходно кажав, е на барање на Министерството за земјоделство. Владата ја носи оваа одлука за ограничување на извозот превентивно, за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот поради одлуките за ограничување/забрана за извоз на останатите земји од регионот“, појасни Бектеши.

Целта на оваа мерка, како што рече, е заштита на домашниот пазар и на граѓаните во време на криза.

„Како што и претходно информиравме, сакам уште еднаш да повторам и да им гарантирам на граѓаните дека државните стокови резерви се стабилни. Северна Македонија има доволна количина на залихи од пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Приватните млинови/компании во земјата располагаат со преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година. Доколку се појави потреба, државата е подготвена и за дополнување на стоковните резерви, но за тоа во моментов нема потреба. Граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации, да не се грижат“, додаде министерот за економија.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…