Биткоинот го урна сопствениот рекорд – достигна 124.000 долари

Во средата навечер, цената на биткоинот за првпат во историјата ја проби границата од 124.000 американски долари, надминувајќи го досегашниот максимум од 123.000 долари поставен минатиот месец. Веднаш по овој историски скок, вредноста благо се намали.

Последниот подем на најпознатата криптовалута е поттикнат од новите регулаторни промени во САД, иницирани под водство на претседателот Доналд Трамп, кој отворено го поддржува развојот на крипто индустријата. Според медиумските извештаи, ваквите потези ја зајакнаа довербата на инвеститорите и придонесоа за забрзан раст на цената.

Можеби ќе ве интересира...

Регулаторната комисија усогласи 11 подзаконски акти со европските директиви за енергетика

BiznisPRO

Нови цени на горивата во Македонија

BiznisPRO

„Реплек“ во јубилејната 2025 година со раст на профитабилноста и стратегија за експанзија на извозот

BiznisPRO