Брашното во Украина поевтини

Во Украина од почетокот на март цената на пченичното брашно почна постепено да паѓа поради проблеми со транзитот низ Полска, каде земјоделците во знак на протест ги блокираа границите.

„Прекумерната понуда на брашно и умерената побарувачка и на домашните и на извозно ориентираните компании го зголемуваат притисокот врз цените. Речиси е невозможно да се продава брашно на извозниот пазар поради блокадата на полските граници, што исто така влијае на постепеното намалување на цени“, се вели во извештајот на информатичко-аналитичката агенција. „АПК-Информ“, пренесува Интерфакс Украина.

Како што се наведува, од почетокот на месецот цените на висококвалитетното брашно се намалени за 2,5 до 7 евра за тон, а од денеска се движат од 230 до 260 евра за тон.

Можеби ќе ве интересира...

Ер Србија: Повеќе од половина милион патници во првите два месеци од годинава

BiznisPRO

Масовно повлекување на биткоини од берзата

BiznisPRO

РКЕ донесе одлука – Поскапуваат горивата

BiznisPRO