Бројот на работниците во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а се зголемил за 1.5 % во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, извести ДЗС.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември
2026 година, во однос на септември 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.7 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – септември 2026 во однос на периодот
јануари – септември 2025 година се намалил за 2.8 %.
