Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година е 3.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ – Градежништво од 7.2 % и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6.1 %.
Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7.3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86.4 %.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1.8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година, во однос на првото тримесечје од 2025 година, е 3.3 %.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
