Дали пелетите слабо се трошат? Паднаа и до 220 денари по вреќа – Дали и оваа зима ќе се грееме со клими?

Купувањето на клими продолжи и ова лето поради високите температури, за разлика од лани кога илјадници семејства се префрлија од пелети на инвертери поради скапите цени на пелетите кои достигнуваа и над 600 денари од вреќа.

Оваа година многумина граѓани имаат избор да се греат и на пелети со оглед дека цената падна на 220 – 230 денари за вреќа од 15 килограми, што сепак е повисока цена од онаа од пред неколку години кога вреќа пелети чинеше 150-160 денари.

Засега е непознато дали можеме да очекуваме и дополнително намалување на цените на пелетите и стабилизација на цените, бидејќи и натаму се прескап избор за греење на граѓаните.

Владата одлучи: Нема покачување на ДДВ-то за пелетите
Стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува одлучија властите.

Намалувањето на данокот за пелети и електрична енергија дојде минатата година поради енергетската криза со која се соочи светот поради војната во Украина.

Можеби ќе ве интересира...

Од денеска плаќаме поскап дизел – достигна над 80 денари

BiznisPRO

Кога да чекате следен лет и кога да ги побарате парите назад: Откажувањето на летот може да биде главоболка

BiznisPRO

Нова цена на горивата во Македонија – Нафтата на светските берзи паѓа

BiznisPRO