Дивеење на цените на недвижнините во Турција

Централната банка на Турција објави нови податоци кои се однесуваат на цените на недвижностите, а од таму соопштија дека се уште се бележи поскапување.

Според податоците на Централната банка, просечните цени на становите се зголемени за 68 отсто на годишно ниво, земајќи ги предвид податоците од јануари 2024 година.

Ова особено се однесува на растот на цените во Истанбул, Анкара и Измир, каде во јануари е забележан раст од 1,3 до 2,8 отсто во однос на претходниот месец.

Вредностите на индексот се зголемени за 54,8, 85,6 и 70,4 отсто во Истанбул, Анкара и Измир, јавуваат турските медиуми, а пренесуваат од Кликс.

Во провинциите каде што цените на становите најмногу се зголемија се регионите Агри, Ардахам, Карс и Игдир со годишен пораст од 103,8 проценти.
За цените на становите на крајот на 2023 година коментираше и гувернерката на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан, која рече дека и покрај сите обиди не можела да најде соодветен стан во Истанбул.

„Не најдовме сместување во Истанбул. Страшно е скапо. Останавме кај моите родители“, вели Еркан.

Можеби ќе ве интересира...

Чекаа и дочекаа: Најголем пад на цените на становите од 2000 година

BiznisPRO

Изнајмувањето стан никогаш повеќе нема да биде исто: Што се менува

BiznisPRO

Цените на куќите во големите градови паѓаат

BiznisPRO