фото Бизниспро

Доаѓа покачување на пензиите: Оние со најмали пензии ќе добијат 600 до 800 денари покачување, а веќе следното доаѓа во септември

Пензиите како што е познато ќе се зголемат за нешто повеќе од 5 отсто, па така оние кои земаат најниски пензии (до 20.000 денари/месечно) ќе добијат покачување од 600 до 800 денари.

Сите оние кои земаат пензија од 20 до 32 илјади денари ќе дбоијат пензии поголеми за околу 1.250 денари.

За пензионерите кои земале од 30 до 50 илјади денари, следува плус од 2.000 денари.

Оние кои се многу малку и чија месечна пензија е над 54 илјади денари, ќе можат да очекуваат помалку од 3.000 денари.

Следното зголемување на пензиите ќе биде во септември 2024.

Можеби ќе ве интересира...

Тесла се плаши од американските царини

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40% за пет години

BiznisPRO

Скокна бројот на странски туристи во Македонија

BiznisPRO