Доаѓаат серија неработни денови – Еве кои денови се неработни до крајот на 2023-та и за божикните и новогодишни празници

8-ми декември е последниот неработен ден за оваа година за сите граѓани и се слави Свети Климент Охридски.

За одредени заедници неработни се и други денови, па така за католиците нераобтни се 1 ноември (среда), Празникот на сите светци и 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, за граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За Турците во Македонија неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Но празници следуваат и за новогодишниот период. Па така за сите граѓани неработни се 01 јануари (понеделник), Нова Година,
и 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

За православните неработни се и 6 јануари – Бадник и 20 јануари Водици.

Можеби ќе ве интересира...

Во Европа постои таен клуб на големи финансиери и банкари

BiznisPRO

„Голдман Сакс“: Европа ќе го дочека крајот на зимата со поголема понуда на гас отколку што очекувавме

BiznisPRO

Грците го прекинаа транспортот на руската нафта

BiznisPRO