Добра вест: Тргна исплатата на пензиите предвреме, еве која банка излезе со важно соопштение

ФБ соопштение на Халк Банка:

Почитувани пензионери,

Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе биде извршена денес 30.07.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.

Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.

Важни се луѓето,
Халкбанк АД Скопје

Можеби ќе ве интересира...

Еве ги сите неработни денови за следната година

BiznisPRO

Стапката на невработеност во четвртото тримесечје од 2024 година изнесува 11.9 %

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Извештајот на ММФ покажува висока транспарентност на Народната банка

BiznisPRO