Добра вест: Цените на горивата не се менуваат – ова се цените по кои ќе се точат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за
0,50% во однос на одлуката од 17.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е
V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува
53,159 ден/кг.

Од 19.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 0,622%, кај дизелот има зголемување за 0,663%, кај
екстра лесното масло зголемувањето е за 0,867% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу
2,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е понизок за 0,002%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.3.2022
година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат
да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките
утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ СО ОДЛУКА: Поевтинуваат горивата

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

BiznisPRO

МТЕЛ ја шири продажната мрежа, нов продажен салон и во Куманово

BiznisPRO