• декември 20, 2022
  • 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Набавка на 500 висококвалитетни јуници со цел стабилизација на млекопроизводството во земјата

Набавка на 500 висококвалитетни јуници со цел стабилизација на млекопроизводството во земјата

Бројот на молзни крави во земјава во текот на идните месеци ќе се зголеми за нови 500 висококвалитетни јуници, а како резултат на инвестицијата која ја прави Бимилк заедно со своите кооперанти. Во рамките на оваа соработка во набавката на новите грла, водечката компанија во млечната индустрија ќе субвенционира најголем дел од набавната вредност на грлата, а за остатокот ќе овозможи бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години. Јуници ќе бидат понудени на кооперанти на Бимилк во повеќе региони во земјава, кои имаат потенцијал и услови за развој и зголемување на квантитетот, квалитетот и продуктивноста на производството.

Грлата ќе бидат од расата Холштајн – Фризијан и Симентал со продуктивност од 6 000 до 8 000 литри млеко годишно, што е на рамниште на европските земји со најголема продуктивност, како што се Шведска со 7 900 литри, Данска со 7 100 литри и Холандија со околу 7 000 литри по крава.

Вкупна вредност на инвестицијата од страна на Бимилк е 1,2 милиони евра. Со ова компанијата ја продолжува поддршката на млекопроизводителите, што е еден од нејзините стратешки приоритети.

Со инвестиции во развојот и во одржливоста на млечната индустрија, Бимилк обележува 70 години постоење и работа на македонскиот пазар. Млекара Битола има долгогодишна соработка и поддршка на млекопроизводителите, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, вклучително и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…