Икеа се шири

Шведскиот производител на мебел Икеа планира да инвестира околу 300 милиони евра во Јужна Кореја во следните три години со цел да го зголеми својот удел на пазарот во таа азиска земја.

„Инвестираме многу во Азија“, изјави Толга Ончу, шеф на малопродажната групација на компанијата Ingka Group, при неговата прва посета на земјата од 2018 година и најави отворање на нови продавници, пренесува Блуммберг.

Икеа, позната по својот бизнис модел „направи сам“, има четири продажни места во Јужна Кореја и нуди купување и достава.

Оваа компанија инвестираше во подобрување на автоматизацијата на својата услуга за испорака во последните години и како што рече Ончу, таа е една од најквалитетните испораки во Јужна Кореја.

Брендот планира да ги намали цените на глобално ниво и очекува намалување од 10 до 20 отсто за клучните производи во Јужна Кореја, додаде тој. Во САД, Икеа ги намали малопродажните трошоци за речиси 1.000 производи.

Икеа оствари приход од 600 милијарди вони (603,1 милиони долари) во Јужна Кореја од 1 септември 2022 година до 31 август 2023 година, што е намалување од 622 милијарди вони една година порано, според финансискиот извештај во декември.

Можеби ќе ве интересира...

И на крај нагодба: Поради канцерогениот прав – 6,48 милијарди долари

BiznisPRO

Соработка на Народната банка со централната банка на Словачка за подобрување на заштитата на потрошувачите на банкарски производи и услуги

BiznisPRO

НЛБ haPPy, вистинска картичка за среќа: Загарантиран поврат на средства со секоја безготовинска трансакција

BiznisPRO