Доларот благо ослабе, трговците воздржани пред состанокот на ФЕД

Американскиот долар денеска продолжи да се намалува од речиси еднонеделните највисоки нивоа во однос на главните ривали, а активноста на трговците беше ограничена пред одлуката на Федералните резерви (ФЕД) за каматната стапка, која треба да даде навестување за идниот пат на монетарната политика.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата ривали, ослабе за 0,14 отсто на 111,32 поени, иако тоа не е далеку од неговото максимално ниво забележано на 25 октомври од 111,78 поени.

Доларот порасна во текот на ноќта во азиското тргување, за наеднаш да потоне на отворањето на европските пазари, но потоа закрепна поради проценките дека американските економски податоци укажуваат на продолжување на ценовниот притисок, што ги намали шпекулациите за пресвртот на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД.

Можеби ќе ве интересира...

Кремљ: Нема веднаш да го исклучиме гасот за земјите кои не плаќаат во рубли

Бизнис про

СПИСОК НА СКОРО 600 ПРОИЗВОДИ: Луксузни предмети забранети за извоз во Русија и Белорусија

Бизнис про

Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни давачки

Бизнис про