Доларот благо зајакна

НА ДЕВИЗНИТЕ пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна, по минатонеделниот пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово зајакна за 0,04 отсто, на 104,01 поен.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна на 150,40 јени, додека во петокот вечерта беше 150,50 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската за 0,04 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0815 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Маск се назначи за извршен директор на Твитер

BiznisPRO

Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го намали обемот на својата инвестициска програма за 2023 година за 14 отсто

BiznisPRO

Централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO