Централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Канада денеска соопшти дека ја задржала референтната каматна стапка на пет отсто.

Како што се наведува во соопштението на веб-страницата на оваа организација, има се повеќе докази дека минатите зголемувања на каматните стапки ја задушуваат економската активност и го намалуваат притисокот врз цените.

Потрошувачката е намалена, побарувачката за станови, трајни добра и многу услуги е намалена.

Послабата побарувачка и повисоките трошоци за задолжување тежат на деловните инвестиции, вели Банката на Канада.

Пазарот на трудот останува затегнат, а притисоците врз платите остануваат.

Сè на сè, низа показатели укажуваат дека понудата и побарувачката во економијата сега се приближуваат кон рамнотежа, се посочува во соопштението на банката.

Банката очекува инфлацијата во Канада во просек да биде околу 3,5 отсто до средината на следната година, пред постепено да се намали до два отсто во 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Состанок се очекува поради дневните ограничувања на производството во наредната година

BiznisPRO

Банкрот по банкрот: Рекорден број на големи компании пропаѓаат во Германија

BiznisPRO

Новогодишна промоција за деловните корисници на Телеком

BiznisPRO