• март 28, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Доларот и еврото зајакнаа во однос на јенот

Доларот и еврото зајакнаа во однос на јенот

Азиските акции ослабнаа бидејќи доларот и еврото зајакнаа во однос на јенот по денешната одлука на Банката на Јапонија да ја зајакне ултра лабавата монетарна политика со понуда да купи онолку обврзници колку што е потребно за да се спречи зголемувањето на приносите на долгот на десет години и да се задржат под 0,25 отсто .

Најшироката азиско-пацифичка берза на MSCI, без јапонскиот, забележа пригушен тренд, пад од 2,1 отсто во однос на минатиот месец, но сепак многу над неодамнешните ниски падови.

Индексот на најликвидните кинески акции ослабе за 0,8 отсто, јапонскиот Nikei загуби 0,4 отсто од вредноста, иако и понатаму е посилен за речиси 6,0 отсто на месечно ниво бидејќи слабеењето на јенот ветува поголема заработка за извозниците, пренесува Ројтерс.

На Волстрит, индексот на фјучерси S&P 500 се лизна за 0,3 отсто, додека технолошкиот Nasdaq падна за 0,4 отсто. Во Европа, фјучерсите на акциите во кошничката Eurostock 50 успеаја да забележат благ пораст од 0,3 отсто, а лондонскиот FTSE за 0,2 отсто.

Волстрит досега се покажа исклучително отпорен на најавата за радикално заострување на политиката на Федералните резерви. Берзите пресметуваат дека на преостанатите шест состаноци за референтната каматна стапка годинава, стапката на федералните фондови ќе се зголеми меѓу 2,50 и 2,75 отсто.

Минатата недела Сити банка предвиде дека основната каматна стапка годинава ќе биде зголемена за 275 базични поени, а проценуваат дека во мај, јуни, јули и септември стапката ќе биде покачена за половина поен.

– Очекуваме дека ФЕД ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во текот на 2023 година, и дека ќе ја достигне целната стапка од 3,5-3,75 отсто – пишуваат аналитичарите на Сити.

На девизните пазари, најголемиот губитник е јапонскиот јен бидејќи тамошните креатори на монетарната политика сакаат да ги задржат приносите на државните обврзници блиску до нула, бидејќи цените на суровините се зголемуваат и ги зголемуваат трошоците за увоз.

Како резултат на тоа, доларот денеска порасна во однос на јапонската валута на новото шестгодишно ниво од 123,16 јени, зголемувајќи ја својата месечна добивка на 6,9 отсто. Исто така, австралискиот долар порасна за повеќе од 10 отсто, достигнувајќи го нивото од 92,44 јени, а дури и обично слабото евро зајакна овој месец во однос на јапонската валута за 4,0 отсто на 134,56 јени.

Сепак, единствената валута на еврозоната е намалена за околу 2,3 отсто во однос на американскиот долар во споредба со минатиот месец. Се тргува по 1,0954 долари за евро, што е, сепак, малку над неодамнешното ниско ниво во две години од 1,0804 долари.

Поради падот на јенот, индексот на доларот се задржа во однос на кошничката валути на позитивна територија на 99,098 поени, што е за 2,5 отсто повеќе од минатиот месец.

На берзите цената на златото падна на 1.947 долари за унца, но и понатаму е во пораст за околу 2,0 отсто на месечно ниво.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…