7.000 слободни работни места: Стотици медицински сестри во Швајцарија даваат отказ секој месец, ова се ТРИТЕ ГЛАВНИ ПРИЧИНИ

Во Швајцарија, речиси 300 медицински сестри ги напуштаат своите работни места секој месец, главно поради лошите услови за работа, што претставува голем предизвик за швајцарските болници.

Медицинските сестри, меѓу другото, ги наведуваат стресот, ниските плати и неможноста да се балансираат приватниот и професионалниот живот како причини за напуштање на работата.

Истражувањата покажуваат дека 36 отсто од младите медицински сестри на возраст меѓу 20 и 24 години ја напуштаат професијата во првите неколку години на работа.

– Не можам да замислам да бидам на оваа работа за пет години ако продолжиме со ова темпо. Често размислувам за промена на работа. Сите мои колеги размислуваат за промена на работното место, а заминувањата се редовни – изјави една медицинска сестра која сакаше да остане анонимна.

Иако оваа професија е сè уште популарна во Швајцарија, во таа земја има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри, пишува порталот.

Можеби ќе ве интересира...

Суфицит во буџетот на Црна Гора 158,5 милиони евра

BiznisPRO

Илон Маск и понатаму на првата позиција: Десетте најбогати луѓе во светот изгубиле речиси 50 милијарди долари во октомври

BiznisPRO

Илјадници луксузни германски автомобили заглавени во американските пристаништа

BiznisPRO