ДПИ: Државниот пазарен инспекторат е на терен! Вршиме мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“

Државниот пазарен инспекторат е на терен! Вршиме мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“.

Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата „Новогодишна кошница“, трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10% или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Имено, листата на прехранбените производи кои се дел од „Новогодишната кошница“ граѓаните може да ја најдат на веб страната www.mojakosnica.mk. Станува збор за над 700 производи, понудени од вкупно над 100 компании и производители и дистрибутери. Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого ‘Помалку трошоци, повеќе за тебе“ како дел од кампањата на Владата која ќе придонесе за значително зголемување на животниот стандард на граѓаните и намалување на трошоците за живот.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува во период од 15 декември заклучно со 15 јануари. Во овој период Пазарниот инспекторат ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности.

Дополнително, граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на нашата веб страна www.dpi.gov.mk

Можеби ќе ве интересира...

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар

BiznisPRO

Цената на парното не се менува

BiznisPRO

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ИЛЈАДА ДЕНАРИ ПОВИСОКА ПЕНЗИЈА: Властa размислува за ново линеарно зголемување на пензиите во септември и март

BiznisPRO