Државата дели субвенции: Секој што ќе купи поново возило во Србија ќе добие до 2100 евра, зошто ваква мерка не се применува и кај нас?

Државната програма за замена на стари дизел возила во Србија им овозможува на сопствениците да го предадат своето возило произведено пред 2015 година на државата и да купат користен или нов автомобил произведен по 2015 година со мотор Еуро 6 на попуст од 2.100 евра, како дел од планот за намалување на загадувањето на воздухот.

Како што беше најавено минатата година, државата Србија ќе исплати субвенција од 2.100 евра на сите баратели за оваа помош за набавка на ново возило со мотор Еуро 6.

Како што беше соопштено минатата година, во Србија има околу 144.000 такви возила.

Конкурсот беше објавен минатата година и траеше до 31 декември, а исплатата започна на 1 јануари годинава, јавуваат белградските медиуми.

Постапката за овој вид државна помош е веќе сосема јасна. Сопственикот го предава старото возило на државата, која ќе го рециклира согласно сите прописи.

Граѓаните можат да купат половен или нов автомобил.

Практично, може да се купи автомобил кој не е постар од 1 јануари 2015 година и кој мора да има мотор Еуро 6.

Така, половен „голф“ или „пежо“ произведен во 2016 година, наместо 11.000 евра, ќе ве чини 2.100 евра помалку, под услов стариот дизел да го дадете на државата на рециклирање.

Инаку, возилата со стандардот Еуро 1 се произведуваа во периодот од 1992 до 1993 година.

Оние со мотор Еуро 2 имаат почетна година на производство од 1996 година, а Еуро 3 од 2000 година.

Засега ваква мерка нема во Македонија, но на пример вакви мерки има низ цела Европа, особено за купување на електрични возила кои во некои држави достигнуваат и до 15.000 евра субвенција за набавка на ново електрично возило.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата потонаа

BiznisPRO

Отворена фабрика за литиум во Германија – прва од ваков вид во Европа

BiznisPRO

Цената на овој метал би можела да се зголеми за повеќе од 75 отсто во следните две години

BiznisPRO