Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници и зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти

Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници и зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти со цел спречување на одредени нерегуларности во работењето и заштита на присутните гости, соопштија од ДЗИ.

– Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други одредби.

Државниот пазарен инспекторат соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и ќе превземе мерки и санкции согласно законите.

Ги повикуваме граѓаните секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или www.dpi.gov.mk, се вели во соопштението на ДПИ.

Можеби ќе ве интересира...

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

BiznisPRO

НОВА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Кој колку должи за данок?

BiznisPRO

Доларот зајакна, еврото ослабе

BiznisPRO