Еден од најголемите трговски ланци доаѓа во Србија

Филијалата на Карфур во Грција потпишала ексклузивни права за претставување на Карфур и на српскиот пазар, дознава Retail Serbia. Company Retail & More A.E. планира да го донесе Carrefour во Србија, но и на неколку други пазари на Балканот.

Грчката компанија во соработка со партнери во Бугарија неодамна ги отвори првите супермаркети „Карфур“ во Бугарија. Новиот план предвидува отворање на 70 нови капацитети во Грција и Бугарија во наредниот период.

Carrefour минатата година ги презеде сите хипермаркети Кора во Романија и најави нови инвестиции. Сите објекти неодамна беа ребрендирани и сега работат под капата на Карфур.

Можеби ќе ве интересира...

АХВ и МВР спречија пуштање во промет на повеќе од 40 тони небезбедни сувомесни производи

BiznisPRO

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство

BiznisPRO

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод

BiznisPRO