Економијата на Велика Британија се врати на раст: Во јануари скокна за 0,2 отсто на месечна основа

Економијата на Велика Британија во јануари порасна за 0,2 отсто, објави денеска на својата веб-страница британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Резултатот покажува дека британската економија се вратила на раст откако во декември паднала за 0,1 отсто месечно и паднала во техничка рецесија на крајот на 2023 година, пренесува Sky News.

Главен двигател на економскиот раст во Британија беше услужната индустрија, која во јануари забележа месечен раст од 0,2 отсто, а значителен раст од 1,1 отсто е забележан и во британското градежништво.

Во тримесечниот период од ноември до јануари, британскиот БДП падна за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, што укажува дека британската економија се уште има проблеми, заклучува Sky News.

Можеби ќе ве интересира...

Опфатени широк спектар на серии: BMW повлекува повеќе од 370.000 возила поради ГОЛЕМ ДЕФЕКТ

BiznisPRO

Цените на златото достигнаа рекордно ниво

BiznisPRO

Масовно повлекување на биткоини од берзата

BiznisPRO