ЕУ ја намали прогнозата за економски раст, очекувајќи рецесија во еврозоната

Европската комисија ја намали својата прогноза за економскиот раст на Европската унија следната година.

Според очекувањата, 19. земји кои го користат еврото ќе влезат во рецесија во текот на зимата бидејќи врвот на инфлацијата трае подолго од очекуваното, а високата потрошувачка и трошоците за греење ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите.

Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година, пишува АП.

Се вели дека високите цени на енергијата, зголемените трошоци за живот, повисоките каматни стапки и целокупната несигурност се очекува да ги втурнат ЕУ, еврозоната и повеќето земји-членки во рецесија во последниот квартал од годината.

Прогнозата за раст за целата 2023 година е намалена на 0,3 отсто, од 1,4 отсто што се очекуваше во претходната прогноза од јули.

„Раст во Европа би можел да се случи на пролет, бидејќи инфлацијата постепено ја олабавува контролата врз економијата“, се вели во извештајот.

Најлошиот резултат следната година најверојатно ќе биде во Германија, најголемата европска економија и една од најзависните од рускиот природен гас пред војната во Украина.

Цените на гасот и електричната енергија пораснаа, а Русија го намали снабдувањето за Европа. Се очекува Германија да доживее пад на производството од 0,6 отсто во текот на следната година.

Комисијата очекува дека пазарот на трудот веројатно ќе се одржи релативно добро и покрај падот на производството во текот на зимата, предвидувајќи зголемување на стапката на невработеност од 6,8 отсто оваа година на 7,2 отсто следната година и пад до седум отсто во 2024 година.

Можеби ќе ве интересира...

Статистика на Еуроконтрол: Две нискобуџетни авиокомпании направија над 5000 летови во еден ден

BiznisPRO

Ги има четири во Западна Европа: Ова се 10-те НАЈСКАПИ ГРАДОВИ во светот

BiznisPRO

Биткоинот имаше вредност од 33.830 евра: Вкупен обем на трговија за 24 часа 26,1 милијарди

BiznisPRO