Еве колку чинат становите во Црна Гора

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во Црна Гора во четвртиот квартал од 2023 година изнесува 1.790 евра, покажуваат податоците на Монстат.

Во Подгорица цената на метар квадратен стан била 1.862 евра.

На брегот цената е 1.771 евро, а во централниот регион на земјава 915 евра.

На север просечната цена на стан во нова зграда била 1.091 евро.

Од Монстат велат дека просечната цена на квадрат стан во нова зграда во значителна мера зависи од учеството на становите кои спаѓаат во категоријата солидарна станбена изградба.

„Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде значително пониска, односно ако уделот е помал, просечната цена ќе биде повисока“, додава Монстат, пренесува РТЦГ.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во Црна Гора во категоријата комерцијални компании во четвртиот квартал од минатата година изнесува 1.795 евра.

Во категоријата солидарна станбена изградба таа изнесува 589 евра.

Според методологијата на истражување „цени на станови во новоградби“, при пресметката на просечната цена на метар квадратен станови во новоградбите, единствено станови кои првпат се продадени на пазарот, т.е. е склучен за прв пат, се земени предвид.

„Објект на опсервација на ова истражување не се становите од стариот станбен фонд, ниту други видови недвижен имот: деловни згради, земјиште и други. Истражувањето не ја одразува понудата и побарувачката на нови станови на пазарот, туку цените пресметани врз основа на склучени купопродажни договори“, се заклучува во соопштението на Монстат.

Можеби ќе ве интересира...

ФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем

BiznisPRO

ЦРН ПЕТОК: Колку се реални попустите во продавниците – поевтинета само застарена роба, новите артикли и натаму со високи цени

BiznisPRO

Осцилации на светскиот пазар: По потезите на Кина, цената на нафтата е во пораст

BiznisPRO