Лидл повлекува производ: „Тоа претставува ризик по здравјето“

Хрватската агенција за земјоделство и храна во саботата објави дека државниот инспекторат го повлекол производот „Адвент календар 75гр“.

Причината за отповикувањето е затоа што производителот не го навел алергенот од кикиритки на декларацијата.

Производителот на „Advent Calendar 75g“ кој има артикли со броеви 5512509 и 5512510 е KDC Pomorzanka од Полска.

Со оглед на тоа што на производот не е означен алергенот од кикиритки, производот може да претставува ризик по здравјето на потрошувачите, а луѓето кои не се алергични и понатаму можат да го користат без ограничувања, се објаснува.

А Лидл на својата веб-страница ги извести потрошувачите дека споменатиот производ се повлекува од употреба бидејќи производителот не го навел алергенот од кикиритки на декларацијата и додава дека ќе ги врати парите на клиентите и без да ја покаже сметката.

Можеби ќе ве интересира...

Кока Кола се огласи за случајот со труење во Хрватска – Испил газирана вода и завршил во болница

BiznisPRO

Хрватските ресторани се плашат пред сезона: Не можам да му платам на келнерот 3.000 евра

BiznisPRO

Поскапува патарината низ Грција – ако годинава одите на летување кај нашите соседи, спремете некое евро плус

BiznisPRO