Кока Кола се огласи за случајот со труење во Хрватска – Испил газирана вода и завршил во болница

На социјалните мрежи се шират информации со кои се предупредуваат хрватските граѓани дека некои газирани сокови и одредена флаширана вода се отровни.

Од Наставниот институт за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово потврдија дека пристигнуваат на анализа првите примероци од сокови и минерална вода од кафулињата во Риека, по пораките дека некои луѓе пиеле минерална вода од еден производител и се затруле од киселината. што им го испржи хранопроводникот, пренесува Вечерњи.хр

Конечно стигна одговор од Кока Кола Хрватска за случајот со труење. Тие потврдија дека случајот со маж кој бил хоспитализиран со хемиска повреда на хранопроводникот е поврзан со шише минерална вода Ромеркел. Тие тврдат дека се работи за изолиран случај.

„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на лицето инволвирана во овој случај. Целосно сме отворени за соработка со сите надлежни органи“, рекоа од Кока Кола Хрватска.

Можеби ќе ве интересира...

Илјадници Македонци и оваа година ќе заминат на работа во Хрватска: Се бараат пица мајстори и скараџии за плати од 2.500 евра

BiznisPRO

Годината што доаѓа ќе биде предизвик за енергетскиот систем на Црна Гора

BiznisPRO

Црна Гора тестира нов модел на работна недела: Еве како ќе функционира

BiznisPRO