Вака изгледа смс пораката која што измамниците ја пратиле и до број на новинар од нашата редакција / фото Бизниспро

Внимавајте на оваа голема измама, голем број на македонски граѓани останаа без 500 до 600 евра (ФОТО)

Голем број на граѓани биле измамени од измамници кои праќаат смс порака од број со префикс +33, за наводна пратка која треба да се царини, а притоа во пораката се дава линк кој води до сајт со име mkposta.com, кој е лажен сајт.

– Вашата нарачка подлежи на царина, пишува во пораката и ве наведува да кликнете на линкот при што треба да внесете ваши лични податоци и картичка за што пишува дека ќе се наплатат 1,99 евра, но со ова на граѓаните им се крадат податоците од нивните кредитни картички и од сметките им се повлекуваат поголеми суми на пари.

Медиумите пишуваат дека на некои граѓани им биле повлечени и до 500-600 евра од нивните картички, а некои се спасиле со навремен повик до банката.

Доколку сте го направиле ова, веднаш јавете се во вашата банка за да ја блокира трансакцијата.

За случајот веќе алармираа дел од банките, а измамата веќе е пријавена во полиција.

Можеби ќе ве интересира...

Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора

BiznisPRO

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“

BiznisPRO

Штрајк во Гучи

BiznisPRO