Еве зошто е зголемен извозот од Германија

Извозот од Германија на почетокот на годината порасна повеќе од очекуваното благодарение на растот на побарувачката од членките на ЕУ и Кина, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика.Според објавените податоци, извозот во јануари е повисок за 6,3 отсто во однос на претходниот месец, додека аналитичарите предвидуваа раст од 1,5 отсто.

Увозот во Германија во јануари е зголемен за 3,6 отсто во однос на декември, додека аналитичарите предвидуваа раст од 1,8 отсто.

Остварениот суфицит во јануари изнесувал 27,5 милијарди евра, а во декември 23,3 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе биде курсната листа за девизите викендов?

BiznisPRO

Цените на гасот нагло пораснаа на европскиот пазар

BiznisPRO

Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци

BiznisPRO