Европа тргнува во голема АИ-трка со САД и Кина

Европската Унија најави план од 10 милијарди евра за изградба на седум гигафабрики за вештачка интелигенција. Секој од планираните центри треба да располага со најмалку 100.000 напредни АИ-чипови и значително поголема компјутерска моќ од сегашните европски суперкомпјутерски центри.

Европската комисија очекува проектот да привлече уште околу 20 милијарди евра приватен капитал. Компаниите AMD, Nvidia и Qualcomm се меѓу технолошките производители што изразиле интерес за снабдување на инфраструктурата со процесори.

Можеби ќе ве интересира...

Антена Груп го назначува Хенинг Тевес за главен извршен директор на Групацијата

BiznisPRO

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред Велигденските празници

BiznisPRO

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 43.587 денари

BiznisPRO