Македонија остана без европскиот грант за пругата кон Бугарија

Македонија останала без ИПА-грантот предвиден за третата железничка делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија. Причината е што во утврдениот рок не бил склучен договор за изведба на работите.

За проектот да продолжи, Владата доставила законски измени поврзани со постојните заеми од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Според објавените информации, не се бара ново задолжување, туку се менува моделот според кој ќе се реализира проектот.

Промената може да влијае врз роковите, распределбата на трошоците и износот што на крај ќе го покрие државата. Третата делница е еден од најскапите и најсложени инфраструктурни проекти во земјата.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со важна информација до даночните обврзници

BiznisPRO

Со учество од 1,4% во БДП и придонес за околу 7.000 работни места – ТИТАН Усје важен чинител во националната економија

BiznisPRO

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

BiznisPRO