Европската унија денеска деблокираше околу две милијарди евра од средствата наменети за Унгарија

Европската унија денеска деблокираше околу две милијарди евра од средствата наменети за Унгарија.

Ова доаѓа откако владата на премиерот Виктор Орбан постигна напредок во условите поврзани со образованието и родовата еднаквост.

Средствата се дел од вкупната сума од околу 30 милијарди евра што ЕУ одлучи да ги замрзне за Унгарија пред повеќе од една година, пред се поради ситуацијата поврзана со владеењето на правото и корупцијатa.

Во декември беа деблокирани 10,2 милијарди евра, откако Будимпешта исполни одредени барања на Брисел поврзани со зајакнување на независноста на судството.

Портпаролот на Европската комисија Стефан де Керсмакер наведува дека со одобрувањето на последната транша, износот на средствата до кои ЕУ сè уште го блокира пристапот до Унгарија падна на околу 19 милијарди евра. Околу половина од нив се грантови и заеми за закрепнување од ковид, а другата половина се таканаречените кохезиони фондови.

Можеби ќе ве интересира...

АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПРВА НА УДАР: Една четвртина од работните места во ЕУ може да ги извршува вештачката интелигенција

BiznisPRO

Посебни правила за оние кои немаат ЕУ документи, а сакаат да работат во Норвешка: Еве колку време е потребно за да се добие работна дозвола

BiznisPRO

Веројатно во јуни: Европската централна банка најавува НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ

BiznisPRO