Европските берзи го следат падот на Волстрит

На европските берзи утринава цените на акциите значително паднаа, како и на Волстрит еден ден претходно, бидејќи стивнаа очекувањата дека американската ФЕД ќе продолжи со агресивно намалување на каматните стапки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,8 отсто во 9:30 часот.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,01 отсто, на 8.219 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,84 отсто, на 18.940 поени, а париски CAC 1,21 отсто, на 7.485 поени.

Инвеститорите беа потресени од вчерашниот пад на Волстрит, кога индексот Dow Jones и S&P 500 се лизнаа за речиси 1 процент, а Nasdaq повеќе од 1 процент.

Така, Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордните нивоа, што, меѓу другото, е последица и на намалените изгледи дека Fed ќе продолжи со нагло намалување на каматните стапки, откако во септември ги намали за 0,50 процентни поени.

Можеби ќе ве интересира...

„Поддршка кога е најпотребно“ – Пекабеско со донација за македонските пожарникари

BiznisPRO

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

BiznisPRO

Ќе уживаме уште во неколку неработни дена, еден се паѓа за една седмица – Еве кои неработни денови следуваат

BiznisPRO