Европските и американските берзански индекси во пораст, нафтата, златото и пченицата поскапеа

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата. Франкфуртската берза ДАКС денеска во 9 часот и 15 минути порасна на 17.992,15 поени, лондонски FTSE 100 на 7.750,03 поени, францускиот CAC 40 на 8.100,81 поени, а московскиот MOEKS на 3.335,40 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.005,49 поени, вредноста на индексот S&P 500 на 5.175,27 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.265,64 поени. Според податоците од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 77.901 долар, а на нафтата од типот брент на 82.222 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 24.805 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.160,41 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата порасна на 5,4054 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09285, што е приближно исто како во вторникот.

Можеби ќе ве интересира...

МФ: Новата методологија за пресметка на данокот на моторни возила ќе има влијание кај луксузните возила со поголема моќност поради повисокото ниво на загадување

BiznisPRO

Пиварницата ги зголемува цените

BiznisPRO

Потрошувачите во Германија мора да сметаат на нови поскапувања

BiznisPRO