Еврозоната бележи само една милијарда евра трговски суфицит во јануари

Првичните прелиминарни проценки покажуваат дека еврозоната во јануари забележала само милијарда евра суфицит во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во јануари изнесува 232,6 милијарди евра, што претставува раст од три отсто на годишно ниво, додека увозот во исто време е зголемен за 7,6 отсто на годишно ниво на 231,5 милијарди евра.

Вредноста на извозот на стоки од Европската унија во остатокот од светот во јануари изнесува 208,7 милијарди евра, што е за 4,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, додека вредноста на увозот во ЕУ е зголемена за 10,9 отсто на годишно ниво, на 214,1 милијарди евра.

Вредноста на извозот од Европската унија во САД, кој во моментов е во центарот на вниманието поради можните царини на Трамп, се зголеми за 16 отсто на годишно ниво на 46,7 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира...

Дали утре треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 13-ти мај

BiznisPRO

Хрватска е на врвот на Европската унија според растот на цените на недвижностите

BiznisPRO

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

BiznisPRO