ПРОМО

„ФАЈЗЕР“ ЈА ПОДИГНА ГОДИШНАТА ПРОГНОЗА – Очекува приходи од 62 до 64 милијарди долари

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска ја зголеми прогнозата за приходите во 2026 година на распон од 62 до 64 милијарди долари. Средишната вредност на прогнозата е за 1,5 милијарди долари повисока од претходната.

Во третиот квартал компанијата остварила приходи од 16,6 милијарди долари. Кога ќе се исклучат производите „Комирнати“ и „Паксловид“, приходите пораснале за седум отсто на споредлива основа, без ефектите од девизните курсеви.

„Фајзер“ ја подигна и прогнозата за приспособената добивка по акција, на 2,95 до 3,05 долари за целата година.