ГЕРМАНСКИ ВОЕН ГИГАНТ ВЛЕГУВА ВО РОМАНИЈА – „Рајнметал“ и МСЦ преземаат бродоградилиште за 138 милиони евра

Германската одбранбена компанија „Рајнметал“ и швајцарската транспортна компанија МСЦ добија право да го преземат бродоградилиштето во романскиот град Мангалија, по завршена аукциска постапка. Предвидената вредност на трансакцијата е околу 138 милиони евра, а формалното завршување на преземањето се очекува во наредните недели.

Планот е локацијата да се развие во капацитет за цивилно и воено бродоградителство. Бродоградилиштето треба да има улога и во изградбата на четири пловила нарачани од романската влада, со што Романија дополнително ја зајакнува својата одбранбена индустрија и поморските капацитети на Црното Море.

Можеби ќе ве интересира...

{ЗАЕДНО} до зелени идеи: dm дрогерие маркт распиша конкурс за пријавување на зелени и одржливи проекти

BiznisPRO

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

BiznisPRO

Прослава на музиката и културата: МТЕЛ спонзор на 26-то издание на култниот Таксират 

BiznisPRO