Германците се почесто земаат мали кредити

Потрошувачите во Германија се повеќе земаат мали заеми за купување.

Четири од 10 (42,6 отсто) новодоговорени заеми минатата година биле за суми помали од 1.000 евра, објави во вторникот кредитната агенција Шуфа.

Вкупниот број на нови заеми нагло се зголеми во 2022 година, на над 9,1 милиони. Во однос на претходната година, тоа е зголемување од 30 отсто.

Повеќе од 3,8 милиони од вкупно 9,1 милион договори се мали заеми, под 1000 евра. Една година претходно имаше нешто повеќе од два милиони такви заеми.

За прв пат учеството на микрокредитите беше поголемо од учеството на кредитите за износи поголеми од 10.000 евра.

Најчесто помладите ја користат опцијата за плаќање на рати при онлајн купување.

Членот на одборот на Шуфа, Оле Шредер, предупреди дека „дури и отплатата на неколку мали заеми може брзо да доведе до финансиски преоптоварување“.

Заемите генерално се сервисираат во согласност со договорите. Како и во претходните две години, корисниците навреме ги плаќале ратите од кредитот во 97,9 отсто од случаите.

Сепак, редовните истражувања меѓу потрошувачите покажаа дека поради инфлацијата „во меѓувреме се исцрпени финансиските резерви на многу луѓе“, објаснува Шредер.

Можеби ќе ве интересира...

Јагленот поскапе повеќе од нафтата: Кризата во Украина ги крена цените на историско ниво, за една година раст од неверојатни 300%

BiznisPRO

Светски берзи: Nasdaq на ново највисоко ниво на сите времиња

BiznisPRO

Популарната онлајн продавница повеќе не ги прифаќа овие картички

BiznisPRO