Го зголемуваат данокот – алкохолот ќе поскапи?

Светската здравствена организација повикува на зголемување на даночната стапка за алкохолните и засладените пијалоци.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји.

Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат со повисоки стапки, соопшти СЗО, наведувајќи дека 2,6 милиони луѓе годишно умираат од консумирање алкохол, а околу осум милиони луѓе умираат од нездрава исхрана.

Оданочувањето на таквите производи со повисока стапка ќе создаде поздрава светска популација, рече директорот за промоција на здравјето во СЗО Ридигер Крех.

„Тоа би имало позитивен ефект врз целото општество, би довело до намалување на болестите и би ги зголемило приходите на властите за обезбедување јавни услуги“, рече Крех и додаде дека оданочувањето на алкохолот со повисоки стапки може водат и кон спречување на насилство и сообраќајни несреќи.

Денес, СЗО објави и „прирачник за данок на алкохол“, во кој се вели дека повеќето даноци за алкохол во светот се „ниски и не се оптимално дизајнирани“, како и дека виното воопшто не се оданочува во 22 земји во светот, а најмногу во Европа.

Според податоците на СЗО, консумацијата на алкохолни пијалоци е најчеста причина за повеќе од 200 болести и повреди, вклучувајќи некои видови на рак, цироза на црниот дроб и многу кардиоваскуларни заболувања.

Можеби ќе ве интересира...

ПРОГНОЗА НА ММФ: Каматните стапки во големите економии ќе паднат на нивоата пред пандемијата

BiznisPRO

Еве зошто е зголемен извозот од Германија

BiznisPRO

Драстичен пад на цените на нафтата на светските берзи

BiznisPRO