Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка.

Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис.

Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година.

„Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“, изјави претседателката на Федералниот завод за статистика, Рут Бренд.

Цените на храната во ноември се зголемија на годишно ниво за 5,5 отсто, забавувајќи се од октомвриските 6,1 отсто, додека цените на енергенсите паднаа за 4,5 отсто во истиот период, според веб-страницата на Дестатис, организација со седиште во Визбаден.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна од 4,3 отсто на 3,8 отсто. На месечно ниво, цените паднаа за 0,4 отсто во однос на октомври.

Можеби ќе ве интересира...

Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

BiznisPRO

Добри вести за оние кои сакаат поевтин iPhone

BiznisPRO

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

BiznisPRO