Голем пад на цените на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата дополнително паднаа во петокот и би требало да загубат околу три отсто од почетокот на неделата, бидејќи планираното лансирање на 240 милиони барели на земјите -потрошувачи од залихите ја отстрани загриженоста за намаленото снабдување од Русија поради санкциите на Западот.

Терминските договори на суровата нафта брент паднаа за 55 центи, или 0,6 отсто, на 100,03 долари за барел, откако во раните утрински часови поскапе за повеќе од 1 долар.

Фјучерсите на West Texas Intermediate (WTI) паднаа за 34 центи, или 0,4 отсто, на 95,67 долари за барел.

Аналитичарите велат дека итно ослободување од околу 1 милион барели дневно од мај до крајот на годината може да го ограничи растот на цените на краток рок, но нема целосно да ги покрие изгубените количини доколку повеќе земји воведат санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална операција“.

Можеби ќе ве интересира...

Затворија 150 фабрики за облека за еден ден: Работниците бараа повисоки плати, па добија отказ, а тројца загинаа

BiznisPRO

Индија би можела да стане трета светска економија до 2027 година

BiznisPRO

Во изминатото деноноќие произведени се 12.143 MWh електрична енергија

BiznisPRO