ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Јавниот долг на САД надмина рекордна сума

Како што е наведено, вкупниот државен долг на САД во моментов изнесува 34.001 трилиони долари.

Според експертите, американската влада ќе мора да потроши до една третина од буџетските приходи само за сервисирање на толку огромен јавен долг.

Претходниот рекорд за американскиот национален долг беше поставен во средината на септември 2023 година, кога изнесуваше 33 трилиони долари.

На официјалната веб-страница на Министерството за финансии е наведено дека заклучно со 18 септември вкупниот износ на јавниот долг изнесува 33,04 трилиони долари, што е нов рекорд за државниот долг на САД, кој на 16 јуни изнесуваше 32 трилиони долари.

Имено, во јануари беше надмината законската граница на американскиот долг кој изнесуваше 31,4 трилиони долари. Поради тоа, Министерството за финансии беше принудено да преземе итни мерки.

Можеби ќе ве интересира...

Отпуштања во позната компанија: Во LinkedIn стотици луѓе останаа без работа

BiznisPRO

Русите конечно профитираа

BiznisPRO

Продолжува силниот пад на цената на нафтата на светските берзи

BiznisPRO