Отпуштања во позната компанија: Во LinkedIn стотици луѓе останаа без работа

Компанијата LinkedIn денеска објави дека отпушта стотици вработени, кои сочинуваат околу 3 отсто од нејзината работна сила.

Укинувањето на работните места следи по повеќе од 700 отпуштања од онлајн бизнис мрежата објавени во мај, како и илјадници други отпуштања оваа година во матичната компанија Мајкрософт, која ја купи онлајн платформата за професионални мрежи во 2016 година за 26 милијарди долари.

– Годишниот приход на LinkedIn надмина 15 милијарди долари за прв пат во фискалната година која заврши во јуни – се наведува во соопштението.

Платформата, со седиште во Санивејл, Калифорнија, заработува од реклами и од корисници кои плаќаат за премиум услуги.

LinkedIn вели дека има околу 19.500 вработени.

Можеби ќе ве интересира...

Еден од најголемите производители на алкохолни пијалоци во Европа прогласи банкрот

BiznisPRO

Цената на нафтата расте, а вредноста на златото паѓа

BiznisPRO

Делова-Јолевска од Народната банка: Штедењето во денари е безбедно и исплатливо

BiznisPRO