Русите конечно профитираа

Банката на Русија (БР) објави дека во 2023 година забележала добивка за прв пат по седум години.

Приходите на руската централна банка минатата година изнесувале 859,3 милијарди рубљи, а расходите 718,9 милијарди рубљи, што значи дека 2023 година завршила со добивка од 140,4 милијарди рубљи или околу 1,4 милијарди евра, пренесува Комерсант.

Во извештајот на Банката на Русија се наведува дека главен фактор во остварувањето на добивката во 2023 година била „позитивната ревалоризација“ на хартиите од вредност.

Приходите се остварени првенствено од приходи од камати во износ од 668,9 милијарди рубљи, како и од нето приходи од трансакции со хартии од вредност, девизи и благородни метали во износ од 161,2 милијарди рубљи.

Трошоците беа главно расходи за камати во износ од 436,9 милијарди рубљи и трошоци за вработените во Банката на Русија 151,2 милијарди рубли.
Банката на Русија работеше со загуба шест години почнувајќи од 2017 година, а во 2022 година изнесуваше 721,7 милијарди рубљи.

Можеби ќе ве интересира...

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

BiznisPRO

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, извоз од 210,5 милиони евра и со инвестиции од 23,3 милиони евра во периодот јануари – декември 2024 г.

BiznisPRO

Македонските просветни работници земаат најниска просечна плата во регионот – еве во која држава најмногу се цени образовниот кадар

BiznisPRO