• јуни 9, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Град Скопје дели до 62.000 денари за клима уреди – еве како да се пријавите

Град Скопје дели до 62.000 денари за клима уреди – еве како да се пријавите

Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник.

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Поврзани соддржини

Макпетрол: Цените на природен гас и метан за декември намалени

Макпетрол: Цените на природен гас и метан за декември…

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето…
Се укинува прогресивното оданочувања, Хонорарците нема да плаќаат повеќе од 10% данок

Се укинува прогресивното оданочувања, Хонорарците нема да плаќаат повеќе…

Се укинува прогресивното оданочувања, не се предвидуваат нови даноци, данокот на личен…
Викенд без ддв за прехранбени производи за време на празници

Викенд без ддв за прехранбени производи за време на…

Владата на прес конференција поврзана со новата даночна политика најави враќање на…
Ќе се зголеми данокот за ајкулски перки, кит, месо од делфин, тартуфи, морски кучиња и морски мачки…

Ќе се зголеми данокот за ајкулски перки, кит, месо…

Со новите даночни решенија Владата одлучи на луксузните прехранбени производи да им…
Недела останува неработен ден

Недела останува неработен ден

Уставниот суд на седница одлучи неделата да остане неработен ден. – За…
ЕСМ: Ако некој има сознанија за фирма што продава струја, а не ја наплаќа авансно, да ја пријави

ЕСМ: Ако некој има сознанија за фирма што продава…

АД ЕСМ е производител на електрична енергија и со сопствената произведена енергија…
Дизелот најевтин во последните шест месеци: РКЕ одлучи да ги намали цените

Дизелот најевтин во последните шест месеци: РКЕ одлучи да…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
ПАДНА ОДЛУКА: Ново поевтинување на горивата, РКЕ ги соопшти новите цени

ПАДНА ОДЛУКА: Ново поевтинување на горивата, РКЕ ги соопшти…

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ , се намалува за 2,00 ден/лит, во однос…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Денеска РКЕ треба да одлучи за нови цени на горивата во Македонија.…
Google пред празниците предупредува на можни измами

Google пред празниците предупредува на можни измами

Злонамерните актери не успоруваат за време на празничната сезона, напротив, забрзуваат. За…
Мерките вродија со плод: Од утре леб и за 32 денари

Мерките вродија со плод: Од утре леб и за…

Од утре дел од пекарите ќе го продаваат лебот и за 32…
Падна рекордна седумка на Лото во Кичево – среќникот ќе се офајди со 500.000 евра

Падна рекордна седумка на Лото во Кичево – среќникот…

Во Кичево вечерва се падна рекордната Лото добивка од 32.921.304 денари или…