• ноември 25, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации-Забавување на инфлацијата следната година, на среден рок, се очекува дека ќе се врати на 2%

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации-Забавување на инфлацијата следната година, на среден рок, се очекува дека ќе се врати на 2%

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации-Забавување на инфлацијата следната година, на среден рок, се очекува дека ќе се врати на 2%

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, кој се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на НБ, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Бугарија, Германија, Грција, Кина, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Франција, Холандија, Хрватска, Швајцарија, Шведска и на Шпанија.

На презентацијата беше посочено дека нарушувањата на понудата поради војната во Украина, застоите во глобалните синџири на снабдување и логистика и повисоките производствени трошоци предизвикани од повисоките цени на енергијата предизвикуваат раст на цените на храната на светските берзи. Ваквите ценовни движења на светските берзи се пренесоа и во домашната економија, имајќи предвид дека сме исклучително отворена економија (140% од БДП). Тргнувајќи од фактот дека цените на храната и енергијата кај нас формираат три четвртини од вкупната инфлација годинава, Народната банка изврши нагорна ревизија на инфлацијата за оваа година на 14,3%.

Сепак, како што посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска на презентацијата, најновите проекции за движењата на светските пазари навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци од увозните цени, при што се очекува дека цените на храната и на нафтата ќе забележат пад во текот на наредната година. Следствено на ова, како и под влијание на најавените мерки за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија од страна на државата и ефектите од постепеното затегнување на монетарната политика, во 2023 година се предвидува забавување на инфлацијата на околу 8% – 9% на годишна основа. На среден рок се очекува стабилизирање на инфлацијата и сведување на историските стапки од околу 2%, односно 2,4% и 2% во 2024 и 2025 година. Дотогаш се очекува дека целосно ќе се исцрпат на ефектите од тековниот пораст на цените на примарните прехранбени и енергетски производи на светскиот пазар, а под претпоставка дека нема да има нови шокови на страната на понудата.

Гувернерката посочи дека уште од минатата година Народната банка започна со затегнување на монетарната политика преку низа инструменти, заради стабилизирање на инфлациските очекувања, пред сè преку интервенција на девизниот пазар со која оптимално се регулира ликвидноста којашто е во оптек. Годинава, централната банка продолжи со интервенции кај каматната стапка, така што покрај основната каматна стапка, се изврши зголемување и кај каматната стапка на кредитите преку ноќ, депозитите преку ноќ и на седумдневните депозити. Имаше реакција и преку задолжителната резерва, со мерки коишто би требало да влијаат позитивно врз склоноста за штедење во домашна валута, а беше активирана и мерката за воведување противцикличен заштитен слој, како превентивна мерка за одржување на финансиската стабилност.

На презентацијата беше посочено дека неповолното надворешно опкружување, видливите ефекти од кризата врз дел од домашните производствени капацитети при зголемени производствени трошоци, главно поврзани со енергијата, како и намалената куповна моќ на населението, се фактори коишто влијаат за надолна корекција на растот за 2022 и 2023 година. Очекувањата за растот на македонската економија е дека тој ќе забави годинава и догодина, како што, впрочем, се очекува и за глобалната економија. Според основното сценарио на НБ, стапките на раст изнесуваат 2,3% и 2,6% за 2022 и 2023 година, додека со алтернативното сценарио се очекуваат стапки на раст од 2% и 1,8%, соодветно за оваа и за следната година. На среден рок, се предвидува забрзување на економскиот раст на 3,6% во 2024 година и 4% во 2025 година.

Се очекува банкарскиот сектор и понатаму да обезбедува поддршка за економијата, при што во претстојниот период се предвидува натамошен раст кај кредитирањето, иако со поумерена динамика. Се очекува дека растот на кредитите во 2022 година ќе изнесува 9,2% на годишна основа, што би значело одредено забавување на кредитирањето во втората половина на годината, под влијание на очекувањата за послаба економска активност, зголемената неизвесност, умерениот раст на депозитната база и одреден ефект од мерките на Народната банка преку позатегната монетарна политика. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. Благодарение на мерките што ги презеде Народната банка, растот на депозитите продолжи и се очекува до крајот на 2022 година да достигне до 3,9%. На среден рок, со засилување на економската активност, се очекува раст на депозитите од околу 8% во периодот 2024 – 2025 година.

Поврзани соддржини

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична…

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата…
РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во…
Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45.…

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот…
ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија…

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на…
ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве кој ќе добие 3.000 денари месечна помош

ОБЈАВЕНА ЛИСТАТА СО ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ГРАЃАНИ: Еве…

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството…
Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Падна одлука: Повторно поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за поголема имиграција

Во потрага по работници, Германија воведува нови правила за…

„Ни требаш“, вака германскиот министер за економија Роберт Хабек (Хабек) регрутира квалификувана…
На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во Европската унија

На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата…

Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено…
Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на нафтата, дури и ако го намалиме производството

Русија: Нема да работиме под ограничувања на цената на…

Русија нема да извезува нафта што е предмет на ограничување на цената…
ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична…
Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти

Бислимоски: Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок…

Скопје, 4 декември 2022 (МИА) – Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле…
УЈП со голема заштеда на струја

УЈП со голема заштеда на струја

Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 %, помалку…