Илон Маск и официјално стана сопственик на Твитер

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања.

Тој рече дека сака да ги „победи“ спамботите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Засега Маск не даде детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Можеби ќе ве интересира...

ВОДКАТА И КАВИАРОТ ОД ЗАБРАНАТА Руската луксузна стока се уште е во ЕУ

Бизнис про

Израел со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки

Бизнис про

СПИСОК НА СКОРО 600 ПРОИЗВОДИ: Луксузни предмети забранети за извоз во Русија и Белорусија

Бизнис про