Германската инфлација во јануари беше најниска во последните две и пол години и падна на 2,9 отсто

Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во Германија падна на 2,9 отсто во јануари од 3,7 отсто во декември, што е најниско од јуни 2021 година, објави денеска на својата веб-страница германската федерална статистичка служба Дестатис.

Цените на стоките се зголемија на годишно ниво за 2,3 отсто, забавувајќи се од декемвриските 4,1 отсто, а во оваа категорија енергетските производи поскапеа за 2,8 отсто, помалку од минатиот месец.

Цените на храната исто така се забавија во јануари, на 3,8 отсто од декемвриските 4,5 отсто.

Спротивно на тоа, инфлацијата во услужниот сектор благо забрза на 3,4 отсто во однос на 3,2 отсто во декември.
На месечна основа, германската инфлација порасна за 0,2 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна на 3,4 отсто во јануари и сега е најниска од јуни 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Нов значителен пад на нафтата на светските берзи

BiznisPRO

Русија забрани извоз на житарки и шеќер: Мерката трае до крајот на август, проблемите на пазарите растат

BiznisPRO

Златните совети ќе ве спасат од нервоза: Трите најстресни деловни ситуации и како да се справите со нив

BiznisPRO