Златните совети ќе ве спасат од нервоза: Трите најстресни деловни ситуации и како да се справите со нив

Според некои истражувања, работата е одговорна за 70% од стресот во нашите животи, од прекувремена работа до несигурност на работа и конфликти со колегите, па експертите советуваат како да се справите со трите најстресни деловни ситуации.

Не можете да ја завршите работата во даденото време
Многу шефови немаат поим колку време е потребно за да се заврши некоја задача.

Ако вашиот работодавец претера и го бара невозможното, објаснете му дека не можете да ја завршите работата во временската рамка што ја замислил.

Но, погрижете се точно да му кажете зошто ви треба повеќе време, за да не мисли дека сте неспособни.

Гласини за отпуштања
Додека не се уверите дека се работи за проверена информација, а не само гласина, не паничете. За да се уверите, можете да почнете да размислувате за резервен план.

Несоодветна реакција на колегите
Кога некој колега ќе ви се нафрли без некоја очигледна причина, најлесно е да возвратите на истиот начин. Но, ако воопшто можете, останете смирени и подоцна, кога страстите ќе се смират, разговарајте со колегата. На овој начин ќе избегнете непотребно продлабочување на конфликтите, пренесува ekapia.

Можеби ќе ве интересира...

Три европски земји одлучија: Ќе градат гасовод

BiznisPRO

ЕП усвои планови за намалување на емисиите и потрошувачката на енергија во зградите

BiznisPRO

Повторно промени: Пензиониран на 67 години?

BiznisPRO